И покрај енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток, Макпетрол АД Скопје оствари позитивни квартални резултати и се задржа на лидерската позиција, пред се поради високата лојалност на потрошувачите, пред кои повторно се докажавме како сигурен и стабилен партнер, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Во текот на 2026 година, Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 7,62 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 514,35 милиони денари, односно остварен е раст од 7,24%.
Во структурата на приходите, најголем удел со 97,92% имаат приходите од продажба, од кои 96,87% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 1,05% се остварени преку продажба на странски пазар, односно преку извоз на млазно гориво.
Во текот на 2026 година, Макпетрол како потврден лидер на малопродажниот пазар на деривати го зголеми количествениот промет на бензинските станици за 5,11%.
Дополнително во согласност со стратегијата, а со цел задоволување на потребите на потрошувачите кои секогаш се во фокусот, компанијата го прошири малопродажниот асортиман кој се нуди на бензинските станици, а прометот со истиот се зголеми за 11,86%.
Како резултат на зголемувањето на количествениот промет со нафтени деривати на бензинските станици и на прометот на дополнителниот асортиман, приходите на мало бележат раст од 6,3%.
Приходите од големопродажниот сегмент бележат раст од 9,35% во најголем дел поради зголемената продажба на нафтени деривати, велат од таму.
Вкупните расходи за овој период изнесуваат 7,42 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на минатата година за 497,51 милиони денари или за 7,19%.
-Растот во најголем дел се должи на зголемените трошоци за набавна вредност за 446,55 милиони денари или 7,35% и на трошоците за вработени за 26,03 милиони денари или 5,85%.
Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е најголем дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 87,38% од истите.
Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои компанијата има лимитирано влијание. Истото се должи на регулирањето на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати.
Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.
Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на првиот квартал на 2026 година, Макпетрол оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 201,63 милиони денари, која е поголема за 9,12% од остварената добивка за првиот квартал 2025 година кога изнесуваше 184,79 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макпетрол лани со зголемена добивка
Андреја Јосифовски купи нови акции на Макпетрол
Саша Лекиќ купи нови акции на Макпетрол













