Димко Митрев АД Велес во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 89 илјади денари и истата споредено со истиот период лани е поголема за 10%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните приходи изнесуваат 59.304 илјади денари и се поголем за 6%, споредно со истиот период лани.
-По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 92%, приходите од домашен пазар со 3% и други приходи со 5%.
Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварените приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз, кој редовно се наплаќа, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 59.215 илјади денари и се поголеми за 6%.
-По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 36.542 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 42%.
Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 20.643 илјади денари и во однос на истиот период во 2025 година се помали за 30% и истите редовно се исплаќаат.
Во пресметковниот период од 01.01. до 31.03.2026 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 13.752 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 6.891 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки “Димко Митрев“ лани со зголемена добивка













