еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Адмирим Алити, кој не е повеќе министер за информатичко општество и администрација

Собранието го разреши министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кадар на Алтернатива, која излезе од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи

На негово место доаѓа Азир Алиу, кадар на Алијанса за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го советувал и Груевски: Кој е Азир Алиу, кандидатот за министер за информатичко општество и јавна администрација на Алијанса за Албанците

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Алити, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал министер.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име има пријавено само денарски депозит од 300 илјади денари и кредит од 500 илјади денари, кој треба да го врати до 2025 година.

На име на родителите пријавил земјиште, две куќи во Куманово, едната од наследство и деловен простор, исто од наследство.

На име на брат му пријавил возило Ауди А6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Џемаил Чупи, кој повеќе не е министер за дијаспора

Каков имот пријавил Беким Сали, кој е разрешен од министерското место во здравство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во акција на МВР, УЈП и пазарен Инспекторат затворени неколку ноќни клубови во Скопје заради пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални…

Редакција

„Абе ај една пријателска да изиграме со Бразил“: Твитер за победатата над Италија

Редакција

Програмски колегиум на МКЦ: Престанете со мобинг врз вработените и отворете фер конкурс за директор

Редакција