еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле дел од градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

Напоменуваме дека сме во можност да објавиме информации само за оние кои се актуелни или поранешни функционери, па имале обврска да го пријават имотот до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Каков имот пријавил Алија Јаоски

Алија Јаоски по втор пат е избран за градоначалник на Општина Пласница.

Според анкетниот лист кога прв пат станал градоначалник, на свое име пријавил куќа во Пласница од 246 метри квадратни, стан во Скопје од 83 метри квадратни и деловен простор од 387 метри квадратни во Пласница, за кои не дал проценета вредност.

На свое име пријавил и градежно земјиште, но и удели, за кои не дал информација каде, како и закупнини.

На денарска штедна книшка на сопругата пријавил 782,8 илјади денари, а на две денарски штедни книшки, на свое име, пријавил 2,1 и 3,3 милиони денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на Аеродром

Фото: Фејсбук/Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд не поведе постапка за членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија

Редакција

„Еуро-фарм“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекот „Нусинерсен“ вреден 2,5 милиони евра

Редакција

Границите со Грција остануваат затворени до 8 ноември

Редакција