еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Едмонд Адеми, кој ќе биде амбасадор во Шпанија

Поранешниот министер без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми ќе биде амбасадор на Македонија во Мадрид, Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милевски амбасадор во Словенија, Адеми во Шпанија

На веб страницата на Антикорупциската комисија неможат да се најдат податоци за неговата имотна состојба, бидејќи извесно време не е функционер, но еМагазин го има неговиот анкетен лист, кој го доставил кога станал министер без ресор, во својата архива.

На позицијата министер без ресор стапи во 2017 година.

Какви промени има во неговиот анкетен лист, јавноста ќе дознае во рок од 30 дена, кога ќе стапи на функцијата амбасадор, како што предвидува законската обврска.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист, тој на свое име нема недвижен имот, но како заеднички имот пријавил предговор за купување на недвижен имот, без да наведе дали дали станува збор за стан или куќа, ниту пак локација.

На свое име пријавил возило Тојота Корола и лизинг.

На име на сопругата пријавил денарска штедна книшка и основачки капитал од 5.000 евра за основање на друштвото за консалтинг Импакта ДООЕЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил министерот Милевски, кој поднесе оставка

Фото: Фејсбук/Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: 6 починати за 24 часа во Македонија, двајца имале контакт со потврден случај, еден неодамна патувал

Редакција

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Редакција

Каракачанов: Македонците влегоа во НАТО и продолжија со политиката „и по Тито, Тито“

Редакција