Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши стана топ тема во јавноста и на социјалните мрежи, откако албанската телевизија Ора њуз објави дека престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој реагирајќи на информацијата информираше дека патувањето било во време кога не бил на оваа функција, дека било за приватни цели, но и дека некој друг платил за престојот во луксузниот хотел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога станал заменик-министер во МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил
Според неговиот анкетен лист на негово име нема ништо.
На име на родителите пријавил куќа и земјиште во Скопје, од наследство.
На име на децата пријавил возило Ауди А4, а им ја пријавил и платата, но не и својата.
Пријавил и податок за состојба на кредитна картичка, но не навел чива е.
Фото: МВР