еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Претседателот Оливер Деркоски и сопругата имаат два стана

Во пресрет на референдумот, еМагазин објавува серијал за тоа каков имот пријавиле членовите на Државна изборна комисија (ДИК) до Државната комисија за спречување корупција.

Стартуваме со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил стан во Скопје од 74 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

Пријавил уште еден стан на име на сопругата од 70 метри квадратни во Скопје, проценет на 5 милиони денари, стекнат исто така со договор за купопродажба.

Од наследство пак добил дел од куќа во Прилеп.

Вози Хонда, проценета на 1 милион денари, има побарување од 850 илјади денари по основ на заем и кредит од 3,2 милиони денари, кој ќе го отплаќа до 2031 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Целиот имот на Јанаќе Витановски е подарок

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Потпреседателката Дитмире Шеху пријавила два стана, ама не кажала чиви се

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Борис Кондарко со сопругата имаат три стана

Фото: Фејсбук/Деркоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ќе биде и премиер и министер за финансии: Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски се новите министри

Редакција

Колку пари потрошил премиерот Зоран Заев на ресторани и хотели

Редакција

(Документи) Што пишува во досието на Каракачанов кога работел како агент за бугарската служба за безбедност

Редакција