Ограничено движење и принудно затворање подолг временски период за време на ковид-кризата резултираше во два правци: монотонија во врската и уништување на партнерската врска или зацврснување на истата, вели за еМагазин, Сузана Милиќ од секси-шоп „Валијант“.
„Во овој период имавме зголемена побарувачка на козметика, конкретно креми за подобра ерекција, спрееви за подолготраен однос, лубриканти, играчки практични за взаемно задоволство кај двајцата партнери, од типот на вибро масажери за ерогени зони, вибро прстени и сл.
Ако можам да кажам за придобивка од ковид-кризата, тоа би било – фокус кон сопственото тело, взаемно истражување на ерогените зони, издигнување на интимата на повисоко ниво за сите оние кои свесно размислувале дека можат да имаат квалитетен сексуален живот со своите партнери,“ вели Милиќ.
Како топ производи таа би ги издвоила дел од фетиш колекцијата: лисици, маски, камшици; потоа тука се лубрикантите и мулти функционалните вибратори; стимулативните креми за взаемно задоволство кај двајцата партнери.
„Во принцип најпродаваните производи се врзуваат со желбите и потребите на клиентите, а тие често се различни и посебни, такви како што одговараат за успешен и квалитетен сексуален живот,“ додава таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ