Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева нема овластување ниту во нормални услови, ниту пак сега кога е во притвор да ги делегира предметите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во друго обвинителство, изјави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Според Калајџиев, кој е дел од експертската работна група во Министерството за правда за Законот за Јавнто обвинителство, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција и оти очигледно ова е крај на Специјалното јавно обвинителство.
-Таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Во случајот има поднесено оставка и не може да се однесува во стилот после мене потоп. Можеше да се избере нов јавен обвинител, но најстрашно е што за такво нешто не постои интерес.
Очигледно ова е крај на СЈО, не постои интерес во земјава да има самостојна и независна институција за борба со корупција. На крај мора да признам со жалење дека СЈО е само злоупотребено за да се бутне ВМРО-ДПМНЕ од власт, вели Калајџиев.
Според Калајџиев, СЈО може да довери некој предмет на друго обвинителство, но тоа би било еден конкретен предмет, а не сите.
-Никаде во законот не е предвидено СЈО да ги предаде сите предмети, особено не во ваква ситуација каде на Јанева практично и е завршен мандатот и каде нема политичка волја да се избере нов обвинител. Политичките партии треба да кажат зошто немаат интерес СЈО да продолжи да работи.
Постои законска обврска три месеци пред истек на мандатот на Јанева да се избере нов обвинител. Тоа што таму негде се прави нов закон, не треба да ги спречи во почитувањето на оној закон што веќе е на сила, вели Калајџиев.
Според него СЈО е злоупотребно за политички потреби, односно да се собори претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема потврда дека Јанева доставила оставка
Време е Катица Јанева да објави роман: „Писма од Шутка
Поранешниот обвинител Наков: Полномошното на Јанева нема никаква правна важност