еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Извршителите нема повеќе да ги ставаат граѓаните во должничко ропство: Усвоени законските измени за облигациските односи и извршување

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за облигациски односи и на Законот за извршување.

Една од целите на измените на Законот за облигациски односи е заштита на правата на должникот поради неактивна улога на доверителот и извршителот.

-Во досегашниот Закон за облигациските односи беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност.

Со измените на Законот, се врши измена на оваа одредба со тоа што рокот за застареност се скратува на пет години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), зашто има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата, се наведува во текстот.

Целта е, се додава, да се намали злоупотребата на правата, односно да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.

-Со постојниот член од законот се создава правна несигурност односно одредбата од членот е нејасна во делот за тоа дали извршната исправа застарува за 10 години, како апсолутен рок на застареност, или пак во постапка за извршување настапува прекин на застареност и истата одново почнува да тече во зависност од секое дејствие на извршителот.

Заради целисходност на одредбата потребно е да биде внесен нов став кој ќе го појаснува овој дел, при што предлог е застареноста да може да биде прекината само во случај на наплата и реализација на дел од побарувањето, а не со само превземено дејствија на Поднесено барање за извршување, Изготвен налог и слично, а општиот рок на застареност на веќе отпочната извршна постапка да биде 10 години од поднесеното Барање на извршување, појаснуваат пратениците од СДСМ кои се подносители на Законот.

Измените, пак, на Законот за извршување предвидуваат поголема заштита на граѓаните.

-Постојниот начин на извршување поради неможност за исплатата на каматата на долгот определена во извршната исправа остава простор за нарушување на егзистенцијата на голема група граѓани кои во постапката на извршување се јавуваат како должници.

Оваа состојба е алармантна и неопходна за регулација и состојба за која интервенираат граѓаните и други институции во државата, кои заради природата на проблемот и неговиот опсег е потребно законски да се регулира во делот на висината на износот на неисплатената казнена камата, која не ретко го надминува и износот од главниот долг.

Заради законска заштита на граѓаните како странки, учесници во постапката за извршување кои имаат својство на должници и уредување на оваа област, се предлага изменувањето на Законот за извршување, стои во законските измени, се наведува во образложението на Законот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

Редакција

Македонската амбасадорка во Софија повикана на разговор во бугарското МНР поради случајот со Кадриески

Редакција

(Фото) Се огласи претепаниот Божиновски: Жив сум, со повреди кои ќе поминат, семејството ми е вознемирено и потресено

Редакција