еМагазин
Image default
Македонија

Камчев позитивен на Ковид-19, одложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Судењето за случајот „Плацови на Водно“ денеска се одложи поради отсуство на четворица од повиканите сведоци и по барање на одбраната на обвинетиот Орце Камчев, кој од вчера е позитивен на Ковид-19.

Според одбраната на Камчев, кој денеска присуствуваше во судницата во Основниот кривичен суд во Скопје, Камчев вчера направил брз антигенски тест на Ковид-19 и кај него е детектиран вирусот, но чека решение за самоизолација.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Остана уште Шпанија: И Франција го ратификуваше Протоколот за НАТО

Редакција

Предвремени избори нема да има, за укинување на техничката влада потребен е консензус на четирите најголеми партии, велат од СДСМ

Редакција

Србија ќе не вика Северна Македонија

Редакција