еМагазин
Image default
Македонија

Камчев треба да сведочи за случајот „Меѓународен сојуз”

Ново рочиште во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се одржи за предметот „Меѓународен сојуз“.

Судијката Софче Ефремова, на последното рочиште за овој предмет најави дека за денеска ќе треба да сведочатЈордан Камчев и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата предложи продолжување на вонредната состојба

Редакција

За ДУИ “францускиот предлог“ е прифатлив

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваат 476 лица

Редакција