еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски

Се договоривме со сопругот да ги исплатиме 500 илјади евра, зашто видовме дека имаме проблем. Ова денеска го истакна сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева на сведочењето за „Рекет“.

„350.000 евра беа ставени во несесер. Ги донесе дома мојата свекрва Ратка Камчева. Ги однесовме во станот на Јовановски во Орман. 150.000 требаше да обезбеди Зоран Милески-Кичеец“, сведочеше Камчева.

Таа истакна дека со Катица Јанева се сретнала во домот на Јовановски во Орман. Камчева сведочеше дека зборувале за децата, а Јанева ѝ рекла дека ако не бил Боки да го вработи син ѝ, тој ќе работел на брод.

Камчева не била присутна кога нејзиниот сопруг на Јовановски му дал еден милион евра.

-Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сфатив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски, бидејќи тој ги имаше сите информации, рече Камчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработена во „Орка холдинг“ сведочеше во „Рекет“: Кај Камчев однесов 710.000 евра во спортски торби

Боки 13 до Камчева: Дали ги памтиш гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера

Фото: A1on.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовското обвинителство отвори истрага за функционерите Адеми, Нухиу и Емрули

Редакција

Преспанскиот е реалност која не ни се допаѓа и сакаме да ја промениме, но ако не ја почитуваме ќе имаме проблеми со институциите, вели Мицкоски

Редакција

Многу топло време и повисоки температури утре и во сабота, од недела попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција