еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кандидатите за претседател на државата се обврзаа за фер и демократски избори

На еден ден пред официјалниот почеток на кампањата за шестите претседателски избори, кандидатите за претседател на државата Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Блерим Река по потпишувањето на документот порача дека тројцата кандидати добро се познаваат и сите се колеги, универзитетски професори и затоа, како што рече, не очекува дека претседателската трка ќе биде трка за живот и смрт, туку ќе биде трка која можеби ќе отвори нова страница во изборната историја на земјава.

-Влегуваме во едно ново искушение за државата и мислам дека не е главно кој ќе победи, туку е важно резултатот да биде законски и регуларен и со тоа да обезбедиме датум за почеток на преговори со Европската унија, потенцира Река.

Тој им посака успех и на неговите двајца противкандидати и додаде дека ќе победи тој што е најдобар, но нагласи  дека е најбитно што ќе се ги исполнат обврските од Кодексот што го потпишаа.

Гордана Силјановска Давкова посочи дека претстојните претседателски избори се исто толку важни, а можеби и поважни од правото и правда заради што, додаде, строго ќе се држат до нив.

– Соучесниците на изборите не ги сметам за непријатели, а нам жените не ни приличи да не ја почитуваме етиката. Иако сум жена очекувам витешка борба со аргументи, а не со византиски игри и се надевам дека последниот збор ќе го имаат граѓаните, рече Силјановска Давкова.

Стево Пендаровски посочи дека е добро што во Северна Македонија потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори конечно стана пракса што никој не ја спори.

-Иако сме биле сведоци на претходни изборни процеси во кои едно се потпишувало, а друго се правело во мое име, а убеден сум и во името на моите формални противкандидати, можам да гарантирам дека ова што денеска го потпишавме и практично ќе го спроведуваме на дело. Тоа значи обврска и за политичките структури и граѓаните кои ќе не поддржуваат. Немам никакви дилеми дека ние тројцата ќе направиме се да останеме во рамки на една демократска борба каква што доличи на една држава што е де-факто членка на НАТО и очекувам наскоро да стане и членка на ЕУ, рече Пендаровски.

Тој и посака на целата држава успешни, фер, демократски и транспарентни избори за, како што рече, да можеме да напредуваме во интеграциите, а воедно им посака успех на неговите противкандидати во текот на изборната кампања и во изборниот ден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерпелацијата за Џафери – школски пример кога етничкото е пред Уставот и законите

Редакција

Убава вест: За прв пат од септември лани, нема ниту еден починат од Ковид-19

Редакција

На 47 години почина новинарот Саше Димовски

Редакција