еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Каракачанов: Историски факт е дека Бугарија била сојузник на Хитлер, но тоа не значи дека треба не нарекувате фашисти

Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти, изјави бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во денешното вклучување во програмата на радио Канал 77, каде што гостуваше беше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Тој даде свое видување и за масакрот во Ваташа.

„Бугарската власт и бугарскиот цар биле сојузници на Германија и на Хитлер. Тоа е историски факт. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти.

Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците.

Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја“, смета Каракачанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лингвистот и синолог Радев за спорот со Бугарија: Изгубивме осет за реалност претворајќи ја ЕУ во божество

Македонски манифест: Меморандум на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ за апсурдните барања на Бугарија

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Фото:Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 234 акции на ОКТА

Редакција

Што работи фирмата Атриум на братот на пратеникот Крсто Мукоски, која „растура“ на тендери

Редакција

Анализа на Харвард: Корона вирусот слабее на топлина, но ќе има втор бран

Редакција