еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ доминираа на државното првенство во Штип

Вчера во Штип се одржа „Државниот изборен карате-турнир за сениори-ки“. Ова првенство имаше пред се критериумски карактер за избор на Македонската сениорска карате репрезентација која во ноември треба да настапи на Светското првенство во Мадрид, Шпанија.

Во генерален пласман најдобар резултат постигнаа каратистите од Карате клубот Макпетрол- Скопје. Тие се најдоа на првата позиција со вкупно освоени осум медали од кои 4 златни 2 сребрени и 2 бронзени медали или вкупно осум.

Доминацијата на Макпетрол беше на многу високо ниво во дисциплината борби за жени , каде што Макпетролките не дозволија да има некој поголеми изненадувања.

Освојувачи на медали се следните каратисти-ки:

1. Сара Радичевска златен медал во -50 кг

2. Наташа Стефановска златен медал во -61 кг

3. Давид Петков златен медал во -67 кг

4. Моника Стефановска златен медал во -68 кг

5. Симона Заборска сребрен медал во -55 кг

6. Ангела Мојсовска сребрен медал во -68 кг

7. Моника Пендаровска бронзен медал во -55 кг

8. Петар Заборски бронзен медал во -75 кг

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски рече дека за овој државен турнир се подготвувале интензивно цело лето.

„Турнирот поради критериумскиот дел за избор на репрезентацијата е од големо значење за каратистите и затоа тие имаат и голем психички притисок. Ние генерално можеме да бидеме задоволни од постигнатото со тоа што во нашите редови, имаме натпреварувачки потенцијал и за подобри постигнувања.

Најважно за сите нас е тоа што нашите каратисти останаа во игра и за вториот критериумски турнир кој треба да се реализира на Светската 1 Премиер карате лига во Берлин, Германија.од 14-16 Септември, После овој турнир кој е највисоко рангиран светски настан ние ќе го заокружи и уточниме составот за Светското првенство во Мадрид. Шансите на сите каратисти се подеднакви и затоа настапот на овој турнир и постигнатиот резултат ќе биде одлучувачки.

Останува да жалиме само за нашиот млад спортист Петар Спасеновски кој во финалната борба со спортистот од Гостивар Берат Јакупи во категорија -84 кг, беше дисфалификуван со судиска одлука за по наше мислење, поделена одговорност на двајцата спортисти и поради тоа сребрениот медал не се рачуна бодовите ќе бидат одземени и Петар Спасеновски ги загуби шансите во трката за ова светско првенство“, изјави Заборски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијанецот Алесио Окипинти победник на Охридскиот пливачки маратон, французинката Каролин Жуис најдобра кај жените

Редакција

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ на турнир од светската карате лига во Казабланка

Редакција

Македонија со трет пораз на Светското првенство во ракомет, изгуби и од Аргентина

Редакција