еМагазин
Image default
Македонија

Катица Јанева ќе даде завршни зборови во „Рекет”

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“ денеска во Кривичниот суд ќе ги даде своите завршни зборови за судскиот предмет по што ќе се отвори патот да се закаже рочиште за објавување на пресудата.

Освен обвинетата Јанева, се очекува завршни зборови да дадат и нејзините бранители.

Претходно, на вчерашното рочиште за „Рекет”, завршен збор имаше и првообвинетитот Бојан Јовановски – Боки 13, кој рече дека обвинението е засновано само врз изјавата на Јордан Камчев.

Според Јовановски, Камчев можеби дал милион евра, а можеби и повеќе, но не на него. Тој негира вина и тврди дека обвинението против него е политичка конструкција.

Судењето за предметот „Рекет” почна во ноември минатата година. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милески-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.

Другите двајца обвинети Јовановски и Јанева, се изјаснија дека се невини и против нив се води судска постапка во која беа презентирани низа материјални и вербални докази од страна на Обвинителството.

Исто така, и самите обвините презенитираа докази, односно со предлог на обвинетата Јанева, пред судот сведочеа неколку обвинители и истражители од поранешното Специјално јавно обвинителство.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 на крајот на судењето за „Рекет“ распали по Камчев, Кичеец, Заев, Мијалков…

Завршни зборови за „Рекет“: Според одбраната снимките како филм на Стивен Спилберг

Рускоска во завршните зборови за “Рекет“: Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 32 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Нови 314 случаи на Ковид 19 од 2.362 тестирања, бројот на активни случаи изнесува 16.858

Редакција

422 казни за неносење маска

Редакција