еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Завршни зборови за „Рекет“: Според одбраната снимките како филм на Стивен Спилберг

За случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но Обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски (Боки 13), изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од Обвинителатвото, со не давање на увид изјави на сведоци од пред Обвинителство, со нецелосни и незавршени вештачења и наводното тврдење на оштетениот сведок, кој го пријавил случајот.

„Видовме снимка од цели пет секунди, на која се гледаат банкноти од по 50 евра. Потоа како на филм на Стивен Спилберг се гледа како обвинетиот излегува со таа торба лесна како перце“, изјави адвокатот Дуковски.

Укажа дека, според Европската централна банка, еден милион евра во банкноти од по 50 евра би тежел 22 килограми и би требало да биде сместен во голем куфер.

„Според мои проценки, тогаш таа торба би требало да тежи 18,5 килограми“, изјави Дуковски.

Обвинителството, нагласи тој, по сопствено убедување одлучи да не ни ги даде сите докази и на рочиште на 26 мај прави проширување на обвинителен акт.

„Во точка два, за перење пари од кривично дело 359 сега имате дека Бојан Јовановски од ноември 2017 година ги пуштил во промет парите кои ги добил незаконито. Како можел да троши пари за некое дело во 2017, кога во диспозитивот за делото истрагата за „Империја“ е почната 2018 година“, изјави Дуковски.

Обвинителството, според Дуковски, гони за рекет од 1,5 милион евра само врз основа на исказ на оштетениот сведок Орце Камчев, кој има интерес за тоа.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска во завршните зборови за “Рекет“: Јанева уште е во филмот на Чарлиевите ангели

Случајот пред финале: Завршни зборови на „Рекет“

Јанева на судењето за „Рекет“: Со Бојан Јовановски не разговаравме за СЈО, туку за модата и љубовта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

Редакција

Советник од бугарската Амбасада ќе го посети Камчев во затвор, бидејќи е бугарски државјанин

Редакција

Тешко ќе се формира нова Влада во Бугарија, клучен „играч“ шоуменот Слави Трифонов

Редакција