еМагазин
Image default
Македонија

Казната за возачот на „бентлито„ е првична, ќе поднесеме и кривична, најави Шилегов

За казната на возачот на „бентлито„ кој влета на скопскиот плоштад „Македонија“, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска рече дека е првична и дека ќе биде поднесена и кривична пријава.

Возачот, кој како што објави МВР е жител на скопско Арачиново, доби казна од само 45 евра.

“За мене е добро што брзо интервениравме и ние како Град и МВР за идентификација на сторителот, но она што е како глоба изречена не значи дека тука запира постапката, бидејќи има и сериозни елементи на сторено кривично дело – загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Во координација сме со МВР да започне поинаков вид кривична одговорност.

Да се вози автомобил по пешачка зона, по плоштад е едноставно скандалозно, недозволиво и мора да биде најстрого казнето. Ќе го држиме Јавното обвинителство „под око“ дали ќе постапи и како, затоа што е недозволиво во таков тип на зони да се користи автомобил“, изјави Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арачиновецот што со бентли „прошиша“ на плоштад низ новогодишниот тунел, доби казна од само 45 евра

Твитер во „црвено“ за казната од 45 евра за возачот кој со „бентли“ влета на скопскиот плоштад

За Спасовски не е доволна казната за возачот на „бентлито“

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 48 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Редакција

Попис: Зголемен бројот на жители и станови во Скопје

Редакција