еМагазин
Image default
Локално

Кичевчанец тешко повреден: Со велосипед удрил во паркиран автомобил

На 06.09.2018 година во 10.30 часот на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, С.С. (77) од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на О.Р. (44) од Кичево, а кое на покривот имало метални цевки, информира МВР.

Во моментот кога велосипедистот поминувал покрај возилото, со главата удрил во цевките и паднал. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил препратен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишен затвореник од Велес починал во Идризово

Редакција

Скопјанец нападнал полицаец

Редакција

Скопјанец го пронашол братот мртов во својот дом

Редакција