еМагазин
Image default
Локално

Киднапирана 23-годишна скопјанка, избегала од возило на пат кон Велес

Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес.

Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото фаќајќи го воланот и пеш се упатила кон Велес.

Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се приближило на Ќ.М. вчера околу 15.40 часот на  бул. „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче, кога таа излегла од зградата каде што работи.

Ја втурнал во возилото со кое се упатил по стариот пат Катланово -Велес.

МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Несекојдневен случај во Скопје: Масовна тепачка за крај на свадбена веселба

Редакција

На работното место пронајден мртов 61-годишен скопјанец

Редакција

Воз удри во маж кај Кисела Вода, загинал на лице место

Редакција