еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кина ги повика „сите инволвирани страни“ да останат смирени и воздржани по експлозијата во Полска

Кина ги повика „сите инволвирани страни“ да останат смирени и воздржани, по информациите за падот на ракета во Полска, кога загинаа две лица, а полската армија беше ставена во состојба на готовност.

„Во сегашната ситуација, сите инволвирани страни треба да останат смирени и да покажат воздржаност за да се избегне ескалација“, рече Мао Нинг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција. ж

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е „малку веројатно“ ракетата што падна во Полска, земја членка на НАТО, да била истрелана од Русија, но вети поддршка за полската истрага.

Бајден ова го изјави откако утринава во Индонезија свика „итна“ средба на лидерите на Групата седум земји и НАТО за консултации во врска со експлозијата што се случи вчера попладне во источниот дел на Полска во близина на украинската граница.

Светските лидери се на Бали, каде денеска завршува самитот на Г20 на најголемите светски економии.

Прелиминарните проценки сугерираат дека украинската противвоздушна одбрана истрелала ракета при што загинаа две лица во Полска, изјавија денеска тројца американски официјални претставници.

Москва претходно објави дека станува збор за провокација, демантирајќи дека Русија истрелала проектил што паднал во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија, тоа би било провокација

„Водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, вели Медведев

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај децата до 9 години, бројот на заболени од Ковид-19 зголемен за 14,4%

Редакција

Нови 186 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.674 тестирања: Најмногу во Скопје, Куманово, Кочани и Струмица

Редакција

„Агроглобал трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на пченица вреден милион евра

Редакција