Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава во јануари 2019 година, изнесува 415.058.000 евра и бележи пад од 1.9 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Дравниот завод за статистика.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 569.598.000 евра, што е за 1.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во јануари 2019 година, изнесува 154.540.000 евра.
„Во јануари 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија“, соопшти ДЗС.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.