еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кипар е нова хит дестинација за летово: Чартер летови Скопје-Ларнака

Кипар е новата хит дестинација за летово која што ќе ја нудат туристичките агенции ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан и Ваикики Травел.

Чартер летовите ќе започнат од 20 јуни до 22 август 2023, информираа на денешниот брифинг со новинарите.

Летовите кон Ларнака ќе бидат еднаш неделно, а најевтион аранжман ќе чини околу 600 евра.

Скопје-Ларнака-Скопје ќе се лета со авиокомпанијата Balkan Holiday Air.

„Возбудени сме што можеме да го пречекаме новиот чартер лет од Скопје до Ларнака. Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров.

Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија“, вели Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар, од Министерство за туризам, кој вели дека овој нов лет ќе ја промени играта за кипарскиот туризам.

Елизабета Кочева Јосифовска, претставничка на туристичките агенции ЈК Травел, Аталантис Груп, ЕТЦ травел, Магелан, Ваикики Травел, вели дека ова е нов развој во туристичката понуда.

„За прв пат вклучивме седум ноќевања и осумдневна пакет летен одмор во висина од 588 евра по лице до Кипар со наша сопствена чартер програма. Нашиот лет ќе поаѓа еднаш неделно, почнувајќи од 20 јуни 2023 година. Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар“, рече Кочева Јосифовска.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза минатата година

Редакција

Русија развива ново оружје со ласерски, ултразвучни и радиофреквентни способности, соопшти Путин

Редакција

Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково

Редакција