Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков од ОМО Илинден, се обрати до поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски со молба, станот кој тој го има во Благоевград, да им го даде под кирија на Македонците од тој град, за да ги држат состаноците во него, се додека не се отвори најавениот културен центар од страна на премиерот Димитар Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата има намера да отвори културен центар во Благоевград, најави Ковачевски
„По отворањето на бугарскиот клуб со името на контроверзниот Ванчо Михајлов во Битола, и по затворањето пред Велигден на Македонскиот клуб во Благоевград, премиерот Димитар Ковачевски во Собранието даде збор дека во Благоевград ќе отвори македонски културен информативен центар, и тоа до крајот на годината.
Ние етничките Македонци и Македонки од Благоевград, ја поздравуваме изјавата на Ковачевски, бидејќи со години чекаме да се отвори наш македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи зборот.
Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер на на Македонија, Љубчо Георгиевски.
Дали господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград, во кој што стан, ние Македонците од Благоевград, ќе ги држиме нашите состаноци, додека се отвори македонскиот клуб најавен од премиерот Ковачевски?,“ пишува Кирјаков на Фејсбук.
Кирјаков објави и фотографија од станот на Георгиевски.
Фото: Телма