еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Клиентите на Охридска банка ќе можат бесплатно да повлекуваат готовина од банкоматите во Шпаркасе Групацијата

Од денеска, клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе можат да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати, на кои ќе можат да повлекуваат готовина без провизија со дебитните картички, информираат од Банката.

„Шпаркасе и Ерсте Групацијата која се состои од 49 штедни банки е една од најсилните банкарски групации во Европа и со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан, што ја прави доверлив партнер за клиентите во Македонија.

Клиентите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија можат БЕЗ ПРОВИЗИЈА да повлекуваат средства со дебитните картички од брендовите VISA и Mastercard од банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата: Erste Bank and Sparkassen (Австрија), Ceska Sporitelna (Чешка), Slovenska Sporitelna (Словачка), Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија), Erste & Steiermarkische Bank dd (Хрватска), Erste Bank Serbia (Србија), Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора), Banka Sparkasse dd (Словенија), Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина), Banka Comerciala Romana (Романија)“, соопштуваат од банката.

Локациите на кои можете да ги најдете банкоматите на Охридска банка се достапни на следниот линк, додека пак локациите на банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија се достапни на овој линк.

Информацијата е достапна и преку апликациите за мобилно и електронско банкарство на двете банки.

Оваа новина е една од многуте поволности кои ќе ги почувствуваат клиентите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Македонија, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на акционери даде зелено светло за продажба на винаријата „Сковин“

Редакција

Медал од Ердоган за македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Редакција

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: Возраста и коморбидитетите имаат сериозно влијание за исходот во лекувањето од Ковид-19

Редакција