еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Клик кредитот отсега достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство

НЛБ Банка воведе можност за аплицирање за Клик кредитот преку НЛБ Клик – електронското банкарство, информираат од Банката.

Досега клиентите имаа можност да аплицираат за Клик кредитот единствено преку НЛБ мКлик – мобилното банкарство, а отсега, во насока на поголема достапност на услугите, за сите клиенти на Банката, ќе биде достапен и преку НЛБ Клик – електронското банкарство.

Имено, опцијата за аплицирање за Клик кредитите е достапна преку НЛБ Клик – електронското банкарство за клиентите кои имаат привилегија за електронско потпишување со мТокен (софтверски уред) или Токен (хардверскиот ОТП уред).

Услов за користење на кредит е клиентите да се приматели на плата или пензија во НЛБ Банка. Целиот процес е дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и дополнителна документација. По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.

Исто така, покрај овој новитет, електронското банкарство се проширува и со други функционалности. Отсега клиентите ќе можат да извршат електронско ажурирање на личните податоци и преку електронското банкарство, услуга која досега беше достапна само преку мобилното банкарство и веб страницата на Банката.

Од Банката велат дека дигитализацијата и во иднина ќе продолжи да биде една од нивните стратешки определби и во таа насока и понатаму ќе продолжат да работат на поголема достапност, поедноставување на банкарските услуги и софистицирано корисничко искуство скроено според потребите и барањата на клиентите.

Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува

Редакција

Донација на ОКТА по повод Светскиот ден за борба против гладта

Редакција

(ВИДЕО) Малиот Марко Пејчиновски на Голема Богородица ќе плива маратон од 64 км за лицата со ретки болести

Редакција