еМагазин
Image default
Македонија

Клиника за пулмологија: Момче најпрво само, а потоа и со другари нападнале болничар оти не сакал да носи маска

Во вчерашниот извештај на МВР е заведена дека на 06.11.2020 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на Клиника за Пулмологија бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Според извор на „Либертас“ од Клиниката за пулмологија двајцата без маски сакале да влезат во амбулантата и кога биле опоменати да не влегуваат без маски и двајцата во исто време заради ковид протоколот, момчето почнало да вика и да се заканува и на крај го нападнал болничарот.

Откако си заминале тој повторно се вратил, но овој пат со група другари со возила без регистарски таблици влегле во амбулантата и го нападнале болничарот. Кога дошла полиција тие се тепале и со полицајците и се е снимено на безбедносните камери.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа осум пациенти од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

(Видео) Како беше пречекан германскиот канцелар Шолц во Скопје

Редакција

Армијата се враќа на јужната и северната граница

Редакција