Клиниката Жан Митрев ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.
Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас.
Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.
Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.
Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен, кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија.
Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.
Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.
Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум дена притвор за сопственикот на порталот „Доказ“