еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус, вели Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, во организација на невладината организација Еуропроспера.

Претседателот Пендаровски говореше за неуспехот на процесот на проширување, за принципот на консензус како причина за блокадите во ЕУ и парализираност во носењето на брзи одлуки.

„Клучниот проблем на ЕУ е носењето на одлуки со консензус. Без измени на тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Тоа доведува и до пораст на евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително“, рече Пендаровски.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски се осврна и на односите со соседна Бугарија и блокадата од Софија во контекст на македонските евроинтеграции. Претседателот го реафирмираше ставот дека ако цената за влез во ЕУ е да се обезличиме, не ни e потребна ЕУ.

Во тој контекст, а во однос на очекувањата од Советот на ЕУ, Пендаровски искажа скептицизам во однос на шансите Северна Македонија да добие одлука за почеток на пристапни преговори со Унијата.

„Јасно е кажано од Софија дека во недостаток на Парламент и во недостаток на политичка влада тие нема да можат да дадат зелено светло. Се што можеше од наша страна да биде понудено како гест на добра волја, а што не излегло од рамките на едно резонско разговарање и преговарање за битни аспекти на билатералата со Софија беше понудено.

Се разбира, не можеме да влеземе во идентитетскиот комплекс и ако некој очекува дека по јули или август ќе го направиме тоа, тој се лаже“, потенцираше Пендаровски и додаде дека останува да очекуваме по конституирањето на новата бугарска Влада да кажат како ќе излеземе од оваа ситуација којашто самите ја создадоа.

На панел дискусијата претседателот Пендаровски го оцени како одличен португалскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија, објаснувајќи дека според него се декларираат позициите на двете страни.

„Во услови кога проширувањето на ЕУ де-факто е замрзнато имаме две опции, да ја донесеме Европа дома и второ, според мене треба наскоро да почнеме да го враќаме во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008-мата година.

Ова не значи откажување од европските интеграции, напротив. Но, ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи“, додаде Пендаровски.

Во однос на економскиот развој и просперитет, претседателот посочи дека нашиот регион заостанува во физичката и дигиталната инфраструктура во споредба со земјите од ЕУ. Оттука, неопходна е помош од ЕУ и САД за побрза демократизација.

На панел дискусијата „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, претседателот Пендаровски се осврна и на значењето на Рамковниот договор, за неговата имплементација во државата, како и за значењето и придобивките од нашето членство во НАТО Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија 

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

Португалскиот предлог го третира и прашањето за јазикот, само Радев има мандат да го повлече ветото, вели Османи

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лимак Холдинг – инвеститорот на комплексот „Diamond of Skopje“ – учествуваше во градењето на најдолгиот висечки мост во светот „Чанак Кале“

Редакција

Детали од МВР за сударот на моторот и автомобилот на Партизанска

Редакција

ТАВ го пречека првиот комерцијален лет на GullivAir од Софија на скопскиот аеродром

Редакција