еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Рашела Мизрахи, која е избрана за претседател на Анкетната комисија за случајот со онкологија

Собраниската Анкетна комисија за случајот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија денеска треба да ја има својата прва седница.

Претседател на Комисијата е пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утврден составот на Анкетната комисија за Онкологија

Таа порача дека како претседател на Анкетната комисија ќе ги заложи сите свои знаења, умеење, труд и со сите останати колеги од Комисијата, како и новинарите, за да се извади вистината на виделина.

Која е Рашела Мизрахи 

Таа е докторка на науки по биохемија и поранешна министерка за труд и социјална политика. Од таа позција беше разрешена откако Грција испрати вербална нота за непочитување на Договорот од Преспа, бидејќи Мизрахи држеше прес конференции во Министерство пред табла со Република Македонија, која одби да ја смени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Коѕијас бара забрана за влез на министерката Мизрахи во ЕУ: Реакции во Грција за таблата со „Република Македонија“

Какво образование има

Мизрахи, докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Има остварено научно истражувачки дејности на универзитети во Израел, Канада и Македонија, од областа на биохемија, молекуларна биологија на репродуктивни клетки, генетскиот потенцијал…

Работно искуство

Од 2015 до 2017 година е советник во Кабинетот на Министерството за здравство, стои во нејзината официјална биографија.

Од 2009 до 2013 година врши мониторинг на лабораториски животни на Универзитетот Бар Илан во Израел.

Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Клинички стаж стекнала на Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки – Гфелф, Онтарио, Канада и на Ветеринарната клиника Д-р Налетовски во Скопје.

Мизрахи работела и како консултант на Глобалниот фонд во рамки на програмата за туберкулоза.

Работно искуство стекнува и на Институтот за истражување во кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел.

Фото: Фејсбук/Мизрахи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега во Украина убиени 135 деца, соопшти Украинското обвинителство

Редакција

Не е евтино да се лекувате од Ковид-19, поисплатливо Ви е да се чувате

Редакција

Хуманитарен турнир во фудбал „Победата е наша“: Средствата ќе се наменат за изработка на перика за девојче кое се лекува на хематологија

Редакција