Бугарија вчера доби нова влада, која ќе ја предводи Кирил Петков, а нова министерка за надворешни работи е Теодора Генчовска, кадар од партијата на Слави Трифонов, Има таков народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија доби влада, нов премиер е Кирил Петков
И таа како Петков најави дека ветото од Бугарија за Македонија останува и дека ќе се придржува до Договорот од 2017 година и декларацијата на Националното собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Генчовска
Според нејзината официјална биографија, која ја објавија бугарските медиуми, Генчовска дипломирала современа историја на софискиот Универзитет „Свети Климент Охридски“, а потоа студирала и на Воената академија „Георги С. Раковски“.
Завршила курсеви за политики и планирање на Школата на НАТО во Германија, стратешки модул на НАТО-колеџот во Рим, Италија, обука за меѓународни односи на воена академија во Велика Британија и посетувала стратешки курс по воена дипломатија во воена база во САД.
Професионална и политичка кариера
Генчовска важи за експерт за безбедност и одбрана.
Професионалната кариера ја почнала во Генералштабот на бугарската армија, каде стигнала до функцијата шеф на Секторот за НАТО и Европската Унија во Министерството за одбрана.
Таа била и советник за одбрана во претставништвото на Бугарија во ЕУ и во делегацијата во НАТО.
Генчовска била дел и од бугарските делегации на самитите на НАТО во Истанбул, Велс, Варшава, Брисел.
Таа според бугарските медиуми, важи и за главен експерт во кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев.
На претходните избори во Бугарија, од Има таков народ, ја предлагаа за министер за одбрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија
Фото: Бугарско МНР