еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е уредничката која упадна со транспарент против војната во Украина во етерот на руска телевизија

Целиот свет зборува за руската новинарка Марина Овсијаникова, која со транспарент против војната во Украина, упадна во етерот на телевизијата Канал 1, каде што работеше.

Нејзиниот потег според новите руски закони, може да и донесе затворска казна и до 15 години, таа е уапсена, а засега нема информации што се случува со неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа“: Пред да се појави во етер руската уредничка снимила видео порака

(Видео) „Не верувајте во пропагандата, ве лажат за војната„: Уредничка во руска телевизија упадна во етер со транспарент

Која е Овсијаникова

Марина Овсијаникова е телевизиски уредник во Канал 1 и работеше во дирекцијата за информативна програма.

Според податоците објавени на нејзиниот Фејсбук профил, таа студирала од 2001 до 2005 година на Руската академија за национална економија и јавна администрација.

Студирала и на Државниот универзитет во Кубан.

Живее во Москва.

Според поранешниот главен уредник на Ехо Москва, Алексеј Венедиктов, Овсијаникова е мајка на две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

Фото: Фејсбук/Овсијаникова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горчлива првомајска честитка за работниците: Нови услови за помош или за отпуштања

Редакција

Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција