еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) “Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа“: Пред да се појави во етер руската уредничка снимила видео порака

Уредничката во руската телевизија Канал 1, Марина Овсијаникова, пред да упадне во етерот на телевизијата со транспарент против војната во Украина, со што ризикува затворска казна и до 15 години, претходно снимила видео порака, која е објавена на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е уредничката која упадна со транспарент против војната во Украина во етерот на руска телевизија

(Видео) „Не верувајте во пропагандата, ве лажат за војната„: Уредничка во руска телевизија упадна во етер со транспарент

Во пораката порачува дека ѝ е срам што работела за пропагандата на Кремљ, дека татко ѝ е Украинец и дека целосно ја осудува војната.

“Она што се случува во Украина е криминал и Русија е агресорот. Одговорноста за ова лежи кај еден човек, Владимир Путин. Татко ми е Украинец, а мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели.

За жал изминатите неколку години јас работам во Канал 1. Јас ја спроведував пропагандата на Кремљ и се срамам од тоа“, вели меѓудругото во пораката, која носи накит со боите на руското и украинското знаме и ги повикува Русите на протест против војната.

“Не се плашете, неможат да не уапсат сите„, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

(Видео) Се изгасна светлото во последната независна телевизија во Русија, „Дожд“, вработените се одјавија со „Лебедово езеро“

За ширење лаги за руската војска во Русија казна затвор и до 15 години

Фото/видео: Фејсбук/Овсијаникова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Голема количина мазут се излеа на брегот на Дебарското Езеро

Редакција

Промовиран зеднички електронски систем за наплата на патарините помеѓу Македонија и Србија

Редакција

Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени

Редакција