Последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телма покажа пад на рејтингот на најголемите партии во Македонија, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а раст на рејтингот на опозициската Левица, која во Собранието има два пратеника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ со мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ, на Левица и расте рејтингот: Анкета на Телма и МЦМС
Апасиев има поголем рејтинг од Мицкоски, најголема доверба има Заев: Анкета на Телма и МЦМС
Едниот од нив е претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој според истата анкета има повисока доверба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и е веднаш зад лидерот на СДСМ и актуелен премиер, Зоран Заев.
Какво образование има
Апасиев е роден во септември 1983 година во Велес.
Тој е доктор на правни науки.
„Дипломирал, магистрирал и докторирал како првенец на повеќе генерации на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје“, стои во неговата официјална биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Има стан и три кредити: Каков имот пријавил пратеникот Димитар Апасиев
(Фото) Апасиев на Фејсбук објави фотографија со синот Исак
Политичка и професионална кариера
Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“ и член на президиумот на Левица.
Има учествувано на преку стотина домашни и меѓународни научни симпозиуми. Автор е на десетина правни книги и монографии, како и на над 50 статии и стручни трудови.
Бил правен консултант на неколку правосудни државни органи, синдикати, граѓански здруженија и неформални активистички иницијативи.
Во моментов работи како вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Судскa реторика и Философија на правото.
Од 2020 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
Фото: Левица