еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ со мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ, на Левица и расте рејтингот: Анкета на Телма и МЦМС

Анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС и Телевизија Телма, покажува поддршка под 20 проценти и разлика од само 0,5 проценти има меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Прашани „Доколку утре се одржат избори за која политичка партија би гласале“ најмногу 18,6 проценти рекле дека би гласале за СДСМ, 18,1 процент за ВМРО-ДПМНЕ, 6,7 проценти за ДУИ, 1,4 проценти за ДПА, 4,6 процетни за Алијанса за Албанците, 0,5 проценти за Алтернатива, 2,4 проценти за БЕСА, 6,2 проценти за Левица и 0,2 проценти за Интегра.

Значителен број граѓани 23,8 процент рекле дека „ќе го поништата гласачкото ливче/нема да излезат да гласаат“, а 17,5 проценти „одбиле да одговорат/не знам“.

За МЦМС и Телма, анкетата е спроведена од М-проспект преку телефонска анкета во периодот од 16 до 24 декември 2020 година.

Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев има поголем рејтинг од Мицкоски, најголема доверба има Заев: Анкета на Телма и МЦМС

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 11,3 на 39,3 се зголемил процентот на граѓани кои сметаат дека никогаш нема да влеземе во ЕУ: Истражување на „Конрад Аденауер“

Редакција

Младите правници апелираат да се слушне стручното мислење за Законот за државјанство

Редакција

(Фото) Фалсификувани еден милион евра пронајдени кај двајца Камерунци на скопскиот аеродром, детали од МВР

Редакција