еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој е Бранко Грегановиќ, идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје

Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје го номинираше Бранко Грегановиќ, поранешен главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Функцијата ќе ја преземе од Антионио Аргир, откако ќе ги добие сите потребни дозволи од надлежните институции и лиценцата од Народната банка. Дотогаш, Грегановиќ ќе ја извршува функцијата помошник на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

По добивање на потребните одобренија, ќе ги преземе функциите на главен извршен директор и главен маркетинг директор.

Грегановиќ, поранешен главен извршен директор и главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор.

За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, Банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно.

Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи Групацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досегашниот директор на НЛБ Банка, Антонио Аргир унапреден на нова менаџерска позиција во НЛБ Групацијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трактори од цела Грција ја „окупираа“ Атина, жителите ги дочекаа со аплаузи

Редакција

Приведено уште едно лице од протестот против „францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

За Инспекторат за труд не било важно чии роднини работат во М-НАВ

Редакција