еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Кој е Македонецот кој им е „прва помош“ на Србите за секоја неволја кога се на одмор на Халкидики

Миле Стефановски или попознат како Ципе Миле е посебно познат помеѓу Србите на социјалните мрежи, бидејќи нему му се обраќаат за помош тогаш кога најмалку треба, кога на одмор во Грција ги снаоѓа некоја неволја, пишува српски Блиц.

Стефановски е од Македонија, но 13 години живее во Солун и најмногу им се наоѓа на Србите кои летуваат на Халкидики.

„Што и да затреба тука сум, дури и кога незнам како во прв момент, се снаоѓам и помагам. Човечки е да се помага, да се биде човек тоа најмногу фали денес,“ вели Стефановски за Блиц.

За него се вели дека неговиот контакт е повеќе од половина решен проблем.

„Луѓето ми се обраќаат со години, речиси од почетокот на создавањето на грчките групи на Фејсбук. Така станав познат кај вас,“ вели тој за Блиц.

Live from Greece, Грчка уживо, Грчка инфо… нема група во која барем еденаш дневно не го тагираат на објава на која некому му треба помош. Луѓето му бараат помош ако некому му пукне гума, им треба итно лекар, мајстор.

„Има доста случаи, но во најубаво сеќавање ми остана жена која бараше другарка, не се имаа видено 20 години. Ја барала секаде, но ништо. Но, по таа објава ми требаше ден или два да ја лоцирам. Живееше скоро до мене. Беше баш емотивно,“ раскажува Миле.

Стефановски има сопствен бизнис во Солун, се занимава со продажба на недвижности. За време на корона-кризата давал бесплатно сместување на семејства, чии членови се лекувале таму.

Целиот текст можете да го прочитате на Блиц.рс.

Фото: Фејсбук/Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Редакција

Каракачанов со закани: Бугарија не е против, но смета дека не е време за меѓувладина конференција

Редакција

(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА

Редакција