еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Светлан Стоев, привремениот министер за надворешни работи на Бугарија

Светлан Стоев, дипломат со големо искуство е наследникот на Екатерина Захариева. Тој ќе биде привремен министер за надворешни работи на Бугарија, до предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наследникот на Захариева најави дека Бугарија нема да има промена на позицијата кон Македонија

Кој е Стоев

Роден е во август 1960 година во Софија, Бугарија.

Оженет е со Емилија Стоева. Имаат две деца – Кристина и Вентислав.

Образование

Завршил меѓународни односи на Универзитетот за национална и светска економија во 1985 година, во Софија.

Дипломирал на насоката „меѓународни економски односи“ на Дипломатската академија во Москва (1990-1992 година) и “европски институции и политики“ на Дипломатската академија „Густав Стрезаман“ во Бон, во 1998 година.

Зборува англиски, руски и германски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефан Јанев, привремениот премиер на Бугарија

Политичка кариера

Во бугарското Министерството за надворешни работи влегува во октомври 1985 година.

Меѓудругото работел како приправник-аташе во Одделот за печат, како службеник одговорен за Турција во Одделот за меѓународно право и конзуларни односи, бил прв секретар во Амбасадата на Република Бугарија во Лагос, Сојузна Република Нигерија, бил раководител на Одделот за скандинавски земји во Дирекцијата за западна Европа и Северна Америка, бил советник во Амбасадата на Република Бугарија во Копенхаген, Кралството Данска, бил раководител на Одделот во Дирекцијата за европски земји, бил амбасадор, шеф на Дипломатското биро на Република Бугарија во Бон, Сојузна Република Германија, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Кралството Шведска…

На новата позиција дојде како амбасадор на Бугарија во Данска.

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР приведе седум дилери: Запленети насади и лабараторија за обработка на марихуана, хероин и оружје

Редакција

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Починаа 4 пациенти од Ковид-19, двајца од Куманово, по еден од Прилеп и Битола

Редакција