еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Вело Марковски, кој ќе се кандидира за претседател

Иако е член на ВМРО-ДПМНЕ, докторот Вело Марковски, кој е специјалист инфектолог, најави независна кандидатура за претседател на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вело Марковски најави независна кандидатура за претседател, но очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Тој очекува подршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Образование

Роден е во мај 1958 година во Папрадиште, Велешко.

Основно образование завршил во родното село и во ОУ „Климент Охридски“ во Драчево, а гимназија во „Браќа Миладинови“, во Скопје во 1977 година, стои во неговата биографија.

Истата година се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје. Го завршил во 1983 година.

Работно искуство 

Како лекар почнал со работа од 1984 година, во Македонска Каменица.

Воениот рок го служел во Нови Сад, а како лекар стажист бил во Босилеград.

Од 1986 до 1992 година работел како лекар во службата за Итна медицинска помош во Скопје.

Од 1992 година до 2010 година бил вработен како лекар специјалист во Инфективната клиника при Клиничкиот центар во Скопје. Специјализацијата по инфектологија ја завршил во1996 година.

Во периодот од 1999 до 2002 година бил директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во периодот од 1999 до 2006 година бил Национален координатор на Македонија за горно респираторни инфекции.

Во периодот од 1999 до 2002 година бил член на Комисијата за заштита од заразни заболувања при Министерството за здравство.

Во периодот од 1999 до 2001 година бил член на советот на Министерот за иселеништво, задолжен за здравствените работници во дијаспората.

Бев претседател на Првиот семакедонски конгрес на лекарите стоматолози и фармацевти кој се одржа во јули 2000 година во Охрид.

Бил претседател и на невладините организации „Димитрија Чуповски“ и „Семакедонско здружение на лекарите стоматолозите и фармацевтите“.

Наставна дејност

Од 2000 до 2010 година бил избран за асистент по предметот инфектологија на Медицинскиот факултет во Скопје.

Во периодот од 2000 до 2004 година бил професор по Инфектологија во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје.

Од 2009 година бил избран за наставник по предметот инфектологија со нега на Високата медицинска школа во Битола.

Од 2012 година е вработен на Факултетот за медицински науки при УГД во Штип, каде и денес е професор по предметот Инфективни болести.

Фото: Марковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лоба и Her Line ја лансираа спортската шик лајфстајл линија за сезона пролет/лето ’23 „Blooming Monochrome” 

Редакција

Лихва или добро работење: Македонските банки подобри од европските

Редакција

Се што сакавте да прашате, а Ви беше срам: Дали ќе се заразите со коронавирусот за време на секс?

Редакција