еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Преминот Рафа кон Газа утре под знаме на ОН, за помошта да влезе на палестинска територија

Знамето на Обединетите Нации (ОН) ќе биде подигнато на преминот Рафа меѓу Египет и Газа за да се заштити од израелски воздушни напади согласно договорот меѓу Израел и Египет со посредство на ОН за да се дозволи помош да влезе на палестинската територија.

Египетски функционер и европски дипломат велат дека набљудувачи од ОН, исто така, ќе ги прегледаат камионите што носат помош пред да преминат во Газа.

Според нив, ОН ќе ја надгледуваат помошта, заедно со Египќаните и палестинските друштва на Црвената полумесечина, за да се погрижат да им се дава на цивилите и да не ја користат палестинските терористи.

Египетскиот функционер вели дека тие сè уште преговараат со Израел да се дозволи да се внесе и гориво во Газа, каде што недостигот на оваа суровина принуди повеќе болници да се затворат.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно го поздрави договорот со кој ќе се овозможи влез на 20 камиони со помош во Газа од Египет.

– Нашите камиони се натоварени и подготвени за тргнување, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција. Тој изрази надеж дека помошта ќе биде испорачана утре.

Доктор Мајкл Рајан, извршен директор на Програмата за итни здравствени случаи на СЗО, рече дека треба да им биде дозволено да влезат во Газа секој ден, бидејќи 20 камиони се „капка во океанот“ помош која е неопходна.

– Ќе се молам оваа вечер, и не се молам многу често, таа граница да се отвори утре, рече Рајан.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попис 2021: 20% од активното население работи во преработувачка индустрија, 17% во трговија

Редакција

Грција не е задоволна од предлогот на ЕУ, за плафон 275 евра за цената за природен гас

Редакција

Бугарскиот премиер Јанев испратил помош за пожарите во Македонија оти жителите во блискуграничните градови дишеле чад

Редакција