еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот премиер Јанев испратил помош за пожарите во Македонија оти жителите во блискуграничните градови дишеле чад

Во соседна Бугарија вистинска “драма“ за 25-те пожарникари и трите противпожарни возила, што ги прати како помош земјата за пожарите во Македонија.

По Слави Трифунов, лидерот на „Има таков народ“, кој реагираше на оваа одлука, се огласи и техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев, кој изјави дека намерно е донесена таква одлука, поради тоа што пожарите би можеле да се прошират и на територија на Бугарија, а жителите во блискуграничните градови веќе чувствувале мирис на чад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

„Намерно донесовме одлука и испративме екипи од нашата противпожарна единица во Северна Македонија, бидејќи нашата анализа покажа дека пожарот може да оди до нашата граница, што е факт.

Ако некој се сомнева, нека ги праша жителите на Благоевград и соседните села каков чад дишеле вчера и што чувствувале“, кажа Јанев вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на „Има таков народ“, Трифонов реагира оти Бугарија испратила помош за пожарите во Македонија

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струјата ќе поскапи за 3,5 до 4%, а зголемувањето на ДДВ-то ќе влијае со плус 4,72% доколку се прифатат барањата на енергетските компании

Редакција

(Галерија) Битола доби приватна уметничка галерија и концепт продавница „СОЛАК“

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција