еМагазин
Image default
Бизнис

Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, за свој нов претседател.

– Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија.

МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата, соопшти Стопанската комора.

На седницата, која се одржа денеска во Комората, се дискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување.

На седницата присуствувале клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнале на моменталната енергетска состојба и изнеле ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите.

– Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Северна Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити

Редакција

Ново зголемување на каматните стапки на Народна банка, сега се на ниво од 4,25%

Редакција

Нелогичности: Владата ги намалува казните, а предвидува повеќе пари во буџетот од глоби

Редакција