еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои компании добија државни пари за инвестиции: Ќе се прават македонска моцарела, сладолед, чорапи…

Министерството за економија го објави списокот на претпријатија со кои се склучени договори во текот на 2019 година за финансика поддршка за инвестиционите проекти согласно мерките на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На листата има и реномирани македонски и странски компании какви што се „Макстил“, „Витаминка“, „Макпрогрес“, „Европа“, „Кробмерг и Шуберт“ и многу други.

Компаниите барале и добиле пари за различни инвестициски проекти какви што се нови производни линии, изградба на објекти, проширување на капацитетите и што уште не.

Меѓу поинтересните се онаа на „Ружин хелти фуд корпорејшн“ за за производство на македонска моцарела.

„Хантерс“ Скопје доби пари за производство на високо квалитетни брендирани чорапи.

„Нехо“ од Скопје доби пари за инвестирање во нова производна линија за сладолед.

„Кромберг и Шуберт“ за зголемување на производството во капцитетите и опрема за потребите на „Дајмлер“ и „Ауди“.

 

Детална листа на сите компании и нивните инвестиции ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ стана кум на куќа со згрижувачко семејство со пет деца во СОС Детско село

Редакција

Дали е доволно добар францускиот предлог засега ќе се воздржам да коментирам, сакам да помине еден поширок круг на консултации, вели Пендаровски

Редакција

Врнежи од утревечер, во петок стабилизирање на времето

Редакција