еМагазин
Image default
Забава

Кои пејачи ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ

Аки Рахимовски и „Парни валјак“, неколку македонски пејачи, ди-џеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.

Ова на денешната прес-конференција го соопштија скопскиот градоначалник Петре Шилегов и главниот извршен директор на Македонски телеком Никола Љушев. Град Скопје е организатор, а Македонски Телеком главен покровител на пречекот на Новата 2019 година.

– Една од најголемите југословенски поп-рок групи, хрватскиот рок бенд „Парни валјак“ предводен од легендарниот Аки Рахимовски за Нова година во Скопје ќе ги испее вонвременските хитови со кои израснаа многу генерации во Македонија и во регионот. Мојот драг пријател Аки со задоволство ја прифати оваа понуда. Имајќи предвид дека тој долго време живеше во Скопје и дека овој град има посебно место во неговото срце, со сигурност можам да кажам дека новогодишна вечер во нашиот главен град ќе биде посебна за него и незаборавна за сите нас, најави Шилегов.

На плоштадот „Македонија“ веќе се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба каде се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалаци.

Љушев истакна дека Македонски Телеком и Град Скопје веќе 14 години одлично соработуваат при организацијата на новогодишната прослава во нашиот главен град. Тој на граѓаните им посака среќни празници.

Со програма што почнува утре, новогодишната населба „Винтерленд“ секојдневно ќе има различни активности за забава и рекреација за граѓаните. Во текот на викендите ќе бидат организирани приредби за најмладите и концерти за возрасните.

Градоначалникот Шилегов изјави дека никогаш не би го пропуштил настапот на „Парни валјак“ и оти ќе присуствува на новогодишната прослава заедно со скопјани. Шилегов додаде дека нивниот настап е покриен од спонзор, а не со пари на граѓаните.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тајзи го најавува новиот албум со „Иронија“

Редакција

„Лакомата меца“ оваа сабота пристигнува во Ист Гејт Мол

Редакција

Музичарот Џамбо Агушев по трет пат татко: Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!

Редакција