Собраниската Kомисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.
За одземање на мандатот гласаа четворица членови на Комисијата, а исто толку беа против.
Кои се членови на Комисијата?
Комисијата има претседател, осум члена и нивни заменици. Претседател е Павле Богоевски.
Негов заменик е Снежана Калеска-Ванчева.
Членови на Комисијата се Мирослав Јовановиќ, Александар Кирацовски, Сашко Костов, Агим Шаќири, Трајко Вељаноски, Јохан Трачуловски, Крсто Мукоски, Борис Змејковски.
Заменици на членовите се: Горан Мисовски, Хари Локвенец, Сашко Атанасов, Мирсада Емини-Асани, Владимир Ѓорчев, Невенка Стаменковска, Никола Поповски, Зоран Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За кои пратеници до сега се бараше одземање на пратеничкиот имунитет
Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет