Кај две лица од Скопје и едно од Струмица е регистирана подваријанта на омикрон, стелт, потврдија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кај две лица од Скопје и едно од Струмица регистирана подваријанта на омикрон, „стелт“
Што досега знаеме за стелт
Бидејќи станува збор за нова подваријанта на Ковид-19, засега е познато дека стелт е позаразен, за разлика од оргиналот- омикрон, според некои истражувања за 1,5 пати.
Според моменталните сознанија не е регистрирана значајна разлика во бројот на хоспитализации и починати како последица на болеста предизвикана од овој подвид на вирусот.
Засега, има индиции дека стелт ги напаѓа само горните дишни патишта, односно дека ретко се спушта до белите дробови.
Кои се симптомите
Според моменталните сознанија еден од најраните знаци дека можеби сте заразени со стелт омикрон е вртоглавица.
Вториот најчест симптом е заморот во комбинација со болки во мускулите.
Како други симптоми на оваа подваријанта на омикрон се сметаат и суво болно грло, кивање, потење во текот на ноќта, главоболка, насолзени очи, кашлица, температура, најчесто до 38 степени, но неретко има случаи и без неа. Можна е и дијареа, особено кај децата и младите.
Стелт многу ретко предизвикува болка во градите.
Фото: Унсплеш