еМагазин
Image default
Македонија

Кои се новите пратеници на местото на Дурловски, Лукаревска и Зекири

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 89. седница ги потврди новите пратеници – Мирче Аџиоски во ИЕ5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Рина Ајдари за ИЕ6 од ДУИ, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, и двајцата во ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски информира дека го разгледале известувањето од претседателот на Собранието со кое, како што рече, не информира дека Собранието на денешната седница ги констатира оставките на пратениците Игор Дурловски од Изборна единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, на Бајрам Реџепи од ИЕ 6 од ДУИ, Мухамед Зекири од Коалицијата „Можеме“ и Сања Лукаревска од ИЕ2 од Коалицијата „Можеме“.

ДИК на новите четворица пратеници ќе им издаде уверение за избран пратеник во Собранието. Членовите на ДИК едногласно го усвоија овој Извештај, кој потоа ќе се достави до Собранието за понатамашно постапување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски, Бајрами, Зеќири и Лукаревска не се повеќе пратеници

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

Редакција

Нови 889 случаи на Ковид-19, оздравени 1.228, десет починати лица

Редакција

Министерството за здравство бара да се избегнат погребните ритуали за Амди Бајрам бидејќи бил позитивен на Ковид-19

Редакција