еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

И во Македонија, како и во регионов официјално се регистрирани неколку случаи на флурон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

33 нови случаи на Омикрон во Македонија и уште три со флурон, комбинација од грип и Ковид-19

Што е флурон?

Флурон е истовремена инфекција со Ковид-19 и сезонски грип. Името настанало од комбинација на зборот „корона“ и зборот „флу“, што на англиски јазик значи грип.

Какви здравствени проблеми може да предизвика

Се уште целосно не е јасно какви здравствени проблеми може да предизвика оваа инфекција, а онаа што сугурно е познато од порано е дека респираторните вируси секако го ослабуваат организмот и имунолошкиот систем.

Исто така е познато дека појавата на два вируса во исто време може да создаде сериозни проблеми и за здравствените системи кои веќе се оптоварени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грипот се “врати“

Податоците на Институтот за јавно здравје, кои неодамна ги објави еМагазин, покажуваат дека оваа сезона, за разлика од претходните две години, грипот се „врати“, па логично е да се претпостави дека во исто време голем број заразени со коронавирусот и сезонски грип ќе доведат до зголемен број на случаи на флурон.

Кои се симптомите

Како што е познато грипот и Ковид-19 имаат слични симптоми.

Според тоа што го објави Светската здравствена организација (СЗО), симптомите на грип и на Ковид-19 може да бидат различни од личност до личност, но постојат група исти симптоми кои се забележани кај заболените.

Станува збор за губење на сетилото за вкус и мирис, температура, кашлица, отежнато дишење, губење на апетитот, постојана болка во градите.

Од СЗО велат дека благите симптоми на флурон можат да се лекуваат и дома и дека нема потреба од хоспитализација на лицето кое е заразено.

Но, постојат и потешки симптоми на флурон, а тие можат да вклучат и воспаление на белите дробови, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

Страв од „твиндемија“

Во меѓувреме здравствените експерти ширум светот стравуваат од „паралелна епидемија“ (твиндемија), односно од истовремена епидемија на коронавирусот и сезонски грип, што може дополнително да ги оптовари здравствените системи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија: Согорување на биомасата најголем извор на загадување на воздухот во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Нова снимка од страотниот пожар во ковид-центарот во Тетово, се слушаат и експлозии

Редакција

Заев контра неговиот советник: „Бомбите“ се автентични и му се предадени на Верушевски

Редакција