Во периодот јануари – ноември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 5,9 милијарди евра и бележи пораст од 10 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7,6 милијарди евра, што е за 9.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 1, 7 милијарди евра.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.